ИНСТИТУЦИОНАЛНА (НЕ)НАДЛЕЖНОСТ

Е сега, она што цело време го трубам дека ние мораме прво да разговараме самите со себе за Охрид, а потоа со УНЕСКО и остатак света значи следново: како тоа во цела држава се живо се крена на узбуна за Охрид, освен оние најодговорните? И уште фали некој да праша кои се тие најодговорни. Ама ќе праша, сигурно. И јас, и не само јас, имам одговор на тоа. Има ли, на пример, оваа држава Министерство за култура? Велат – има, ама сте чуле негов став по актуелното прашање? А во тој контекст: има ли државава Министерство за животна средина? Повторно велат дека има, ама сите (и) таму се глувонеми па не можат збор да кажат за „случајот Охрид“ или …? Понатаму, има ли оваа држава Национална комисија на УНЕСКО? Повторно велат – има, ама сте чуле нејзин став по најакутното прашање во државава наречено Охрид, како нејзина директна ингеренција? Понатаму, има ли оваа држава Управа за заштита на културното наследство? И повторно некои ќе не’ убедуваат дека сме имале институција со такво име. Ама, ете, јас скептик па не верувам зашто – сте слушнале некаков нивен став апропо Охрид, апропо случувањата со дивоградбите во тој град, апропо онаа фамознана џамија среде чаршијата, апропо Баку …? Не сте слушнале? Ни јас, признавам, ама знам дека таму работат и земаат плата едно чудо „стручни“ луѓе. Што прават, ќе праша некој? И ќе биде во право. Понатаму: има ли Охрид институција што се грижи за културното наследство во регионот? Има, и велат дека е национална институција и се вика НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид! И што заштити овој Завод, ќе праша некој? И што заштитија сите оние претходни? Или заштитата на културното наследство во државава навистина е во надлежност на министерот за дијаспора, на заменик министерот за надворешни работи … итн.? Зашто, нели, така изгледа бидејќи само тие дадоа какви-такви изјави и само од нивните изјави јавноста цени што е што, а што не е! Ама ако еден куп надлежни институции, со едно чудо вработени, плус две цели министерства (ајде да го не го тупам па да го вклучувам и Министерството за транспорт и врски!), сите плаќани од пари на даночните обврзници на оваа држава, молчат, тогаш – што може да мисли просечниот граѓанин? Дека неговите пари се фрлани во ветер многу години, дека неговите пари се злоупотребувани за којзнае какви цели, дека македонските институции – барем оние во културата – не функционираат … ? Не знам, некој мора да одговори, особено надлежните од тие институции, оние поставени од државата да ги раководат овие институции. Ама тие не се способни тоа да го направат? Ама способни се да примаат плата за својата неспособност? Да ги повторувам пак надлежните институции, особено оние од сферата на заштитата кои не гукнаа, збор не кажаа за нивните повеќегодишни пропусти, неукост, непостапување или – белки не е така? – постапување во хармонија со криминалците? Па некој мора барем нешто да каже, по ѓаволите!

Или, како што вели премиерот за случајот со една „високо позиционирана личност“, и овде некој мора да каже / да утврди дали кај овие високо позиционирани институции во „случајот Охрид“ станува збор за злоупотребеност или инволвираност! И тој некој е токму Владата бидејќи тоа се државни односно нејзини институции. Токму Владата мора да каже дали овие институции, поименично секоја и сите заедно, биле носители на повеќегодишните криминални дејанија во „случајот Охрид“, дали намерно ја вртеле главата на другата страна кога станувало збор за такви дејанија, дали биле директни или само индиректни соучесници, дали во самите институции имало поединци или групи кои укажувале на криминалот … или пак институциите биле злоупотребени, и од кого? Од страна на директорите односно министрите, од некои повисоки инстанци, во кој период (во овие две години, но и порано) и слично. Ако премиерот односно Владата има таков став во однос на актуелната „високо позиционирана личност“ од областа на правосудството, зошто тоа не би важело и за цел синџир на институции во областа на заштитата на културните и природните реткости? И ова, како што вели премиерот, е коректно да се каже односно не е фер да ги обвинуваме ако не се виновни или ако се злоупотребени. Јавноста очекува токму такви одговори, заедно со оценката – морална но и кривична, ако има – и за општинските структури во Охрид и Струга во изминатиот период во кој што се одвивале главните криминали во Охрид и регионот! Инаку, која е смислата на државата, на системот? Односно, ако Специјалното јавно обвинителство е рбетот, главниот фактор во одбраната на правдата во државава, или барем важеше за такво, тогаш погоренаведените институции се токму истото во областа на заштитата на природното и културното наследство! Или барем важеа за такви, за такви се основани токму од државата. И едновремено како што власта упатува апел до сите бизнисмени да пријават ако биле рекетирани, ист односно сличен апел мора да се упати и до сите институции и поединци во државава кои имаат информации за криминалите во Охрид!!! Поинаку – не може.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s